Франција повеќе нема да ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ

0
5

Франција ѝ дава „неограничена политичка поддршка“ на Црна Гора во завршната фаза од процесот за членство во Европската Унија. По работната посета на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Елисејската палата во Париз во средата попладне, претседателот Емануел Макрон истакна дека „Франција стои на страната на Црногорците за да ги придружува на нивниот пат кон европската интеграција“.Во минатото, Париз го забавуваше пристапниот процес и ја одложуваше формирањето на работна група за подготовка на договорот за членство. Причина за тоа беше уставната реформа што стапи во сила во 2009 година, според која за ратификација на договорот за пристапување во Франција е потребно, или мнозинство од три петини во двата парламентарни дома, или одлука донесена на референдум.