0
22

Две бронзи на Македонската репрезентација на Меѓународната Олимпијада по хемија „Менделеев“ одржана во Москва

Два бронзени медала освои македонската репрезентација на 60. Меѓународна олимпијада по хемија „Менделеев“, најпрестижната во светот, што се одржа во Москва, Русија. Прв пат во историјата на нашето учество на оваа олимпијада, девојка освојува медал. Тоа е Теона Ана Георгиевска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Бронзен медал освои и матурантот Даниел Христов, ученик во СОУГ „Славчо Стојменски“ од Штип. Тимот го сочинуваат и: Даниел Христовски (III година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје) и Георги Николоски (IV година, СОУГ „Мирче Ацев“, Прилеп).

Од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, што ги подготвува нашите учесници се заблагодаруваат на сите што помогнале да се реализира ова патување – амбасадата на Руската федерација во Скопје, Лукоил, како и општина Прилеп.

Превземено: Умно.мк