Безбедноста на храната во домовите за стари лица е подобрена

0
24

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спровеле 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава.Со контролите е утврдено дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и е даден налог за негова регистрација во Агенцијата, соопшти АХВ.
Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а 4 од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.
– За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки и сл. издадени се три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени, појаснуваат од АХВ.
За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за 4 оператори.