На Шар Планина регистрирани две нови единки од балкански рис

0
30

На територијата на Националниот Парк Шар Планина, при редовниот мониторинг на дивиот свет, неодамна беа забележани две нови единки од балкански рис. Истите се регистрирани во делот кој административно припаѓа на Општина Врапчиште.
Со овие нови идентификации, вкупниот број на познати единки од рис во паркот се зголеми од три на пет. Според евиденциите на надлежниот тим, двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува позитивен сигнал за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.
ЈУ Национален Парк Шар Планина потенцира дека растечкиот број на диви животни, особено на рисот, е резултат на континуираните мерки за заштита на природата. Тимот продолжува посветено да работи на заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина, со цел зачувување на биодиверзитетот на регионот.