Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги откри организиран криминал: луксузен „Мерцедес-Мајбах” бил увезен во 2023 година со фалсификувани документи, со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.
Кривични пријави се поднесени против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, злоупотреба на службена положба и несовесно работење. Возилото било увезено со намалена фактурирана вредност, лажирани документи и регистарски таблички, а со посредство на царински и полициски службеници било пуштено во слободен промет.
Дел од наплатените давачки веќе се надоместени: 2,5 милиони денари, од кои 1,9 милиони на име на основен долг, а 600 илјади како камата.
Царинската управа спроведува опсежни истраги од октомври 2024 година, со вкупно 51 кривична пријава против 506 лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила, со вкупна штета од 41 милион денари.
Home МАКЕДОНИЈА Кривична пријава за девет лица – „Мерцедес-Мајбах” пуштен со лажни документи, државата...


