Денес, Парламентот на Албанија усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда ја прогласи за терористичка организација.Во резолуцијата се наведува дека Иран е земја што спонзорира тероризам Резолуцијата ја предложи Социјалистичката партија на Албанија, а беше усвоена на пленарна седница на која не присуствуваа претставниците на Демократската партија на Албанија,
Претседателот на парламентарната група на социјалистите, Таулант Бала, ги повика пратениците да го поддржат документот, наведувајќи дека тој е поврзан со клучни прашања од меѓународната безбедност, борбата против тероризмот и одговорноста на државите што го поддржуваат или толерираат.


