Србија увезува најмногу оружје од сите земји во регионот

0
32

Србија во последните пет години увезла најголемо количество сложени системи на вооружување на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).Според извештајот, Србија се наоѓа на 37. место во светот по увоз на сложени системи на вооружување, пред некои членки на Европската Унија во регионот, како што се Хрватска и Бугарија.
Покрај најголемиот обем на увоз, Србија има и најголем воен буџет во регионот. Во периодот од 2020 до 2024 година, вредноста на српскиот буџет за одбрана била приближно шест пати поголема од буџетот на Албанија, која е втора по потрошувачка за одбрана на Западен Балкан.