Митко Костадиновски: Исплатени речиси 30 милиони денари обврски на Општина Виница од почетокот на градоначалничкиот мандат

0
69

Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, информира дека во изминатите три месеци Општината исплатила речиси 30 милиони денари обврски кон добавувачи и по разни основи.
Исплатени се 6.500.000 денари за надоместоци на лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од минатогодишните локални избори. Дополнително, реализирана е исплата од 8.000.000 денари за изградба и реконструкција на улици и 2.000.000 денари за изработка на проекти и геодетски услуги.
Општината ја исплатила и последната рата од кредитот од 2013 година во износ од 2.300.000 денари, како и долгот за реконструкција на кино салата во висина од 3.200.000 денари. Подмирени се и завршните ситуации за изградба на Градскиот пазар во износ од 4.500.000 денари.
Со овие исплати, според општинските власти, значително се намалуваат финансиските обврски и се зајакнува буџетската стабилност.