Вучиќ најави можни избори во 2026 година

0
55

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прославата по повод 17-годишнината од основањето на Српската напредна партија (СНС) во Зрењанин, најави дека Србија ќе има избори во 2026 година, кои ќе претставуваат „најважниот тест“ за партијата.

„Не можам повторно да се кандидирам, но ќе ви помогнам на секој можен начин и повторно ќе победиме. Ве молам да се борите уште посилно од оваа година, бидејќи сакам Србија да има иднина“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека СНС е силна партија која успеала да опстои во време кога никој друг не можел.
Тој не прецизираше точен датум за распишување на парламентарните избори, и покрај тоа што студентите во блокада и граѓаните кои протестираат веќе неколку месеци бараат нивно одржување.

„Овој избор ќе биде убедливо најважниот во модерната историја на Србија. По него, земјата ќе се бори да ја зачува својата воена неутралност, независност и патот кон иднината, или да се врати во минатото“, додаде Вучиќ.