Албанија – Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, прва станица Тирана

0
73

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан. На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лајен денеска во Тирана имаше средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама по што се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.
Попладнево Фон дер Лајен отпатува за Тиват, каде се сретна со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.