Министерот за внатрешни работи вели оти сака пробниот период за системот „Безбеден град“ и „Безбедна држава“ да почне кон средината на ноември
Доколку ја комплетираме законската регулатива, некаде на средина на ноември ќе започне пробен период на функционирањето на системот „Безбеден град“ (Сејф сити) и „Безбедна држава“. Јас сум за конфискација на возилата за потешки инциденти, но да видиме експертската фела како ќе го реши тоа.
Прашан дали дилемите се околу конфискацијата на возила, Тошковски вели дека за него е јасно какви треба да бидат санкциите.
„Јас немам дилема дека кога одредено лице ќе стори кривично дело, а притоа нема возачка дозвола, тоа возило треба да биде трајно одземено од тоа лице. И такви компаративни искуства има и во други држави. Словенија, еве, ќе ја земам за пример. Јас немам никаква дилема дека оној којшто ќе стори безобѕирно управување на моторно возило и ќе управува моторно возило повеќе од 70 км/час во град над дозволеното, значи тоа би значело – ако е дозволено 50, тој да управува над 120, или повеќе од 90 км/час на отворено, тоа значи ако е дозволено 120, тој да вози 210, по вторпат, како рецидивист, така беше предложено во она коешто последно го имавме како предлог-текст, да се одземе возилото трајно“,вели министерот за внатрешни работи во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1.


