„Чајна Истерн ерлајнс“ се подготвува да го понуди најдолгиот директен лет во светот, поврзувајќи го Шангај, Кина, со Буенос Аирес, Аргентина, со кратка пауза во Окленд, Нов Зеланд, пишува „Мирор“.
Рекордно долгиот лет, кој ќе трае неверојатни 29 часа и ќе помине 12.200 милји, ќе биде активен од оваа зима.
Поаѓајќи од Шангај, патниците ќе стигнат до својата дестинација за нешто помалку од 26 часа, откако ќе прелетаат неверојатни 12.229 милји. Тоа вклучува и престој од два и пол часа во Нов Зеланд.
И покрај престојот, летот сè уште се смета за директен бидејќи патниците нема да мора да се преместуват и можат да ги задржат своите места во текот на целото патување.
Повратното патување ќе трае неверојатни 29 часа, со престој во Окленд. Цените на еднонасочните билети се движат од околу 1.280 фунти за лет од Шангај до Буенос Аирес, до над 1.400 фунти за повратен лет од Буенос Аирес до Шангај, иако извештаите се разликуваат.
Новата рута го надминува претходниот рекордер за најдолг директен лет во светот, рутата Пекинг-Сао Паоло, управувана од China Airlines.
Превземено: Вечер.пресс


