Основниот суд Штип се прогласи за ненадлежен во врска со покренатото обвиниение против Вишиот обвинител

0
64

По поднесениот обвинителен предлог Основен суд Штип се огласи за Стварно и месно ненадлежен и предметот е пратен во Основерн кривичен суд за понатамошно постапување.

Ако се огласи за ненадлежен и основен кривичен суд Скопје ќе се предизвика судир на ненадлежност и предметот ќе се прати во Врховен суд тој да одлучи кој е надлежен суд да постапува по обвинителниот предлог.

Обвинителниот предлог се однесува на вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи  кој според Основоното штипско обвинителство  направил серија од  5 кривилни дела Малтретирање  во врешење на службата.

Според обвинението, Хајрулахи  во периодот од септември 2023 година до 24.10.2024 година, како службено лице – Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, во службените простории и при вршење на службата опфатена со чл.25 ст.1 од Законот за јавното обвинителство, во текот на работното време, се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување.

Користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени.

Во врска  со  обвинението се огласи и Хајрулахи  кој  ги негираше наводите.