Нема барања за промени во Избирачкиот список досега во Штип и Карбинци. Сите граѓани кои дошле на увид се пронашле и немаат забелешки одкако констатирале дека се е во ред.
“Избирачкиот список за Штип и Карбинци во моментов не е дефиниран,односно,до него во Штип пристап нема ,но бројките од лани покажуваат дека право на глас имале 41.489 гласачи. Демографските движења покажуваат дека нешто помалку од еден процент од овој број за една година починале,но,се појави и нова генерација на гласачи,па претпоставка е, дека Штип повторно ќе има над 41 илјада гласачи.”
Сите оние кои имаат потреба Увид во Избирасчкиот список можат да направат до 11 септември на полноќ,до кога и може да поднесат барања за измени согласно граѓанското право и Изборниот законик.


