САД и Кина се „ракуваа“, Трамп ја оцени средбата со Џинпинг како „неверојатна“

0
13

Американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денеска во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки, објавија американските медиуми.

Лидерите на двете најголеми економии во светот се ракуваа и дадоа кратки изјави за новинарите пред состанокот зад затворени врати, за време на кој Трамп рече дека има добри односи со Си.
– Ќе имаме многу успешна средба, не се сомневам. Но, тој е многу тежок преговарач. Тоа не е добро – рече Трамп пред нивната прва средба по шест години.

Си рече пред состанокот дека трговските преговарачи од двете земји постигнале напредок во решавањето на „големите прашања“ и дека верува дека САД и Кина треба да бидат „партнери и пријатели“.
– Со оглед на нашите различни национални услови, не се согласуваме секогаш и нормално е двете водечки економии во светот да имаат тензии од време на време – рече Си, кој исто така оцени дека односите меѓу двете земји се „генерално стабилни“.

Превземено: НоваМакедонија