Управата за јавни приходи најави присилна наплата од фирми кои не ги подмириле обверските кон државата за јули.
„Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец„ – информираат од УЈП.
Според УЈП, дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.
Оттаму информираат и дека во текот на вчерашниот ден се доставени персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски со апел веднаш да го извршат плаќањето по што ќе селди присилна наплата.


