Пробиштип: Иницијатива за изградба на регионален стационар и поддршка за стерилизација на миленици

0
31

Денес остваривме конструктивна и плодна средба со дел од активистите од здружението „Вита-Максима“, посветена на актуелната состојба со бездомните животни и можностите за унапредување на постапките за нивно хумано заловување и згрижување.

“ Со овие млади и посветени волонтери – вистински борци за благосостојбата на животните – ја споделив иницијативата за изградба на регионален стационар за згрижување на бездомни миленици. Овој проект, кој во наредниот период ќе биде дополнително разработен, претставува долгорочно и одржливо решение за проблемот со кучињата скитници на ниво на целиот регион, истакна градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.
Воедно, во соработка со здружението и ветеринарните станици, во втората половина од годината ќе обезбедиме конкретна поддршка за стерилизација на домашните миленици – клучен чекор кон превенција и контрола на популацијата на бездомни животни.

Веруваме дека преку заедничка работа, координација и хуман пристап можеме да изградиме побезбедна и похумана средина – и за граѓаните, и за животните, додаде Тоневски.