2,93 промили алкохол кај возач по сообраќајка, пријавени и семејно насилство

0
27

четири случаи од црната хроника се евидентирани во Источниот регион во текот на вчерашниот ден. Во Делчевско, 39-годишен возач бил приведен откако по сообраќајна незгода било утврдено дека управувал возило со 2,93 промили алкохол во крвта.

Во Берово, 43-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот, додека во Кочани 67-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека ѝ упатувал закани на сопругата.

Во Штип, пак, полицијата привела 17-годишник кај кого била пронајдена марихуана. Од СВР Штип информираат дека случаите се документираат и по нивното целосно расчистување ќе следуваат соодветни пријави.