СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и денес продолжија со остри меѓусебни обвинувања на темата кредити, задолжувања и враќање на долговите. Од опозицијата велат дека пари во Буџетот нема и дека Мицкоски државата ја задолжува дополнително.
Парите од новите задолжувања одат за враќање на долгови од страна на СДСМ, плаќање камати за нив, а дел и за капитални проекти, изјави Мицкоски посочувајќи дека некогашен владин функционер во интервју сам признам дека каматите тогбаш биле 120, а сега дури 360 милиони евра…


