Турските серии носат милијарда долари, ги гледаат во 170 држави

0
25

Турските телевизиски серии станаа еден од најголемите културни и економски адути на Турција. Ги гледаат околу една милијарда луѓе во 170 држави, а земјата е меѓу трите најголеми извозници на серии во светот.

Според турските власти, извозот на серии од околу 10 милиони долари во раните 2000-ти години денес надминува една милијарда долари.

Освен економскиот ефект, сериите го зголемуваат интересот за Турција, турскиот јазик, културата, гастрономијата и туристичките дестинации.

Турските власти оценуваат дека глобалниот успех на сериите е важен дел од имиџот на земјата во светот.