Во Шабац отворена првата фабрика за хуманоидни роботи во Србија – „Драгутин“ и „Милутин“ го пречекаа Вучиќ

0
37

Во Шабац, западна Србија, отворена е првата фабрика за хуманоидни роботи во сопственост на кинеската компанија „Mint Group“. Во проектот досега се вложени 20 милиони евра, а планирано е годишно производство од околу 20.000 роботи, наменети и за пазарот на Европската Унија.Особено внимание привлече пречекот на српскиот претседател Александар Вучиќ од хуманоидните роботи „Драгутин“ и „Милутин“, облечени во српска народна носија и со шајкачи. Роботите го повикаа Вучиќ да одиграат „едно српско оро – Моравец“.

Во фабриката се очекува да бидат вработени меѓу 200 и 250 луѓе, а роботите најпрво ќе се користат во индустријата, за задачи како фаќање и преместување предмети, брусење, бојадисување и други производствени активности.