Меѓу тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија има две малолетни лица, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.До македонската Амбасада во Љубљана било доставено официјално известување од словенечката полиција за несреќата што се случила на 27 август на автопатот А1, во близина на Унец.
Во возилото имало уште две лица, исто така македонски државјани, кои се повредени. Во несреќата учествувале патнички автомобил и камион кој поради дефект бил запрен покрај автопатот. Автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
Во патничкото возило имало петмина македонски државјани. Тројца починале на местото, а двајцата повредени биле пренесени на медицински третман.Во црниот биланс велгува и смртта на 47 годишниот штипјанец Александар Ангелов кој во несреќен случај го загуби животот при работа на фарма во Италија.


