Долготрајната суша и екстремните летни температури ја доведоа Босна и Херцеговина до сериозен недостиг на вода. Повеќе реки се на исклучително низок водостој, на одделни места речниот тек е речиси прекинат, а хидролозите предупредуваат дека проблемот веќе не е само она што се гледа во коритата, туку и намалувањето на подземните резерви на вода. Последиците веќе не се ограничени само на реките.
Сушата ова лето силно го погоди и земјоделството во БиХ. Производителите предупредуваат на големи загуби кај пченката, зеленчукот и овошјето, а кај дел од посевите проценките за пад на приносот достигнуваат и до 80 или 90 отсто.Најавените дождови можат краткорочно да ги подигнат водостоите, но експертите предупредуваат дека неколку врнежливи денови нема да го надоместат дефицитот создаван во текот на долгата суша.


