За една седмица 75 нови заболени на западно-нилска треска во Грција: 19 лица починаа

0
39

Од почетокот на оваа вирусна сезона заклучно со вчера претпладне во Грција се дијагностицирани и пријавени вкупно 232 случаи на зараза со вирусот Западен Нил, а регистрирани се 19 смртни случаи, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје .

Во изминатата седмица биле потврдени 75 нови случаи, а починале шест лица. Од јавно здравје соопштија дека од вкупниот број заразени, 165 лица се со симптоми на централниот нервен систем, а нивната просечна возраст е 75 години, додека кај 67 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.Од заразените, 73 лица се хоспитализирани, 124 пациенти биле пуштен од болница, а за 16 од случаите не била потребна хоспитализација.