Од почетокот на годинава во Грција изречени казни од 1,2 милиони евра за предизвикување пожари

0
28

Од 1 јануари годинава, заклучено со денеска во Грција е изречена 741 административна казна, во вкупна вредност од 1.211.770,68 евра за предизвикување пожари, а уапсени биле 314 лица, Според податоците од противпожарната служба на Грција, 88,85 отсто од случаите се однесуваат на пожари предизвикани од невнимание, за што биле уапсени 279 лица, а 35 лица (11,15 проценти) биле уапсени за намерно предизвикани пожари.

Последниот случај е од доцна синоќа кога државјанин на Пакистан, кој веќе е уапсен, со употреба на запалка предизвикал пожар во сува трева со три одделни жаришта по булевар во западниот дел на областа Атика поширокиот регион на Атина.