Црна Гора би можела да влезе во клучната завршница на преговорите со Европската Унија уште оваа година, со сценарио според кое преостанатите поглавја би биле затворени до крајот на 2026 година, а првиот нацрт на Договорот за пристапување би можел да биде подготвен до крајот на септември.
Според информации на медиумите во Брисел се разгледува забрзување на процесот. Црна Гора во моментов ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја, од кои 18 се привремено затворени. Последни беа затворени поглавјата 8 – конкуренција и 29 – царинска унија, на 14 јули во Брисел. Така, на Подгорица ѝ остануваат уште 15 поглавја до целосно завршување на техничкиот дел од преговорите.


