Пожарите се шират низ Србија: 29 активни, во гаснењето се вклучија Eвропа и Русија

0
29

Пожарите продолжуваат да создаваат сериозни проблеми во Србија, каде што во моментов се активни 29 пожари на отворен простор. Само во текот на август досега се регистрирани 3.926 пожари, поради што на терен се ангажирани сите расположливи сили.Меѓу активните пожари се и оние на планината Столови, во селото Луково кај Врање и на Златибор.

Во гаснењето учествуваат припадници на противпожарно-спасувачките единици, доброволни пожарникари, како и меѓународни тимови. Во гаснењето на пожарот во селото Луково кај Врање е вклучен и рускиот авион Ил-76. Во гаснењето на пожарот во Делиблатската Пескара учествуваат и европски пожарникарски тимови.