Гужви на границите: На Табановце и Богородица се чека до еден час

0
32

Зголемена фреквенција на возила и засилен сообраќај е забележан утрово на патиштата низ земјава, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица, каде возачите кои ја напуштаат земјава чекаат околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми и по суви коловози.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни при управувањето.
Дополнително внимание се препорачува на делниците низ котлини, речни долини и клисури поради опасност од одрони, особено на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.