Македонија обезбеди 149 милиони евра грант од Европската Унија за изградба на железничката делница Крива Паланка–Деве Баир, како дел од Коридорот 8. Договорите се потпишаа во Владата, а присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик шефот на Делегацијата на ЕУ,директорите на ЕИБ и ЕБОР и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.


