Поради најавениот топлотен бран и екстремно високите температури, на возачите им се препорачува дополнителна внимателност – и во сообраќајот и при паркирањето на возилата, поради зголемениот ризик од пожар.
Експертите предупредуваат дека во автомобилите не треба да се оставаат предмети што можат да претставуваат опасност, како проѕирни шишиња, запалки, спрејови и лименки. Дополнително, возилата не треба да се паркираат на сува трева или ниска вегетација, бидејќи загреаните делови, особено издувниот систем, можат да предизвикаат пожар.
За подолги патувања и гранични премини се препорачува возење во вечерните или раните утрински часови, кога температурите се пониски. Сепак, возачите треба да бидат внимателни и при ноќно возење, бидејќи заморот и поспаноста можат значително да ја намалат концентрацијата и безбедноста зад воланот.


