Ѓердап на историски минимум: Вклучен „портокалов аларм“, расте потрошувачката на струја

0
29

Историски нискиот водостој на Ѓердапската хидроцентрала и рекордната летна потрошувачка на електрична енергија го оптоваруваат енергетскиот систем на Србија. Експертите предупредуваат дека е активиран „портокалов аларм“, но засега нема опасност од најкритично сценарио.

Професорот Милош Бањац вели дека проблем создаваат и високите температури, поради кои термоцентралите имаат отежнато ладење. Србија моментално се потпира на увоз на струја и апелира до граѓаните за порационално користење на електричната енергија.