Големи пожари ја ставија Грција во вонредна состојба. Пламените јазици беснеат во Атика, каде што се уништени домови, а жителите од загрозените области се евакуираат додека стотици пожарникари се борат со огнената стихија.
Трагедија се случи за време на гаснењето на пожарот кај Псата, кога два противпожарни хеликоптери се судрија во воздух. Во несреќата загинаа двајца членови на екипажот, додека другите успеале да преживеат.
Пожари избувнаа и на островот Кефалонија, каде што мештани и туристи беа принудени итно да ги напуштат домовите и сместувањата. Силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата, а пожарникарите предупредуваат дека огнот е тешко предвидлив.


