Две убиства, исто морничаво сценарио: Туристки пронајдени мртви во куфери во Грција и Србија

0
26

Две тешки злосторства во регионот го привлечеа вниманието на јавноста поради сличното сценарио – телата на две жени биле пронајдени во куфери, а за убиствата се осомничени странски државјани.

Во Атина, грчката полиција уапси 26-годишен маж кој признал дека ја убил 38-годишната Шкотланѓанка Елизабет-Џејн Рос, чие тело било пронајдено во куфер во напуштена зграда. Истрагата покажала дека осомничениот наводно ги користел и нејзините банкарски картички.

Сличен случај ја потресе и Србија, каде што телото на руска државјанка било пронајдено по неколкудневна потрага. За убиството е осомничен 24-годишен турски државјанин, кој бил уапсен додека се обидувал да ја напушти земјата.