Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски избегнал да одговори на пратеничките прашања поради, како што рече, „оркестрирана блокада“ во Собранието.
Во меѓувреме, од власта порачаа дека новиот ребаланс на Буџетот носи повеќе средства за здравството, образованието и социјалната заштита, со цел подобрување на јавните услуги и заштита на животниот стандард на граѓаните.


