Четири плажи во Црна Гора беа затворени за капење откако анализите покажаа загадување на морската вода со фекалии. Црвени знамиња се поставени на плажите Жукотрлица 02 и 03 во Бар, како и на Словенска плажа 01 и Пржно во Будва.
Проблемот бил забележан откако од канализациски испусти кај поранешните ресторани „ББ“ и „Амфора“ во Бар се излевала матна течност со непријатен мирис директно во морето. Надлежните служби извршиле нови мерења, по што дел од плажите повторно добиле дозвола за капење, но забраната за плажата Пржно во Будва останува во сила поради сè уште незадоволителниот квалитет на водата.


