Силни шумски пожари го зафатија Балканот, а најтешка е состојбата во Грција и Турција. Високите температури, долгата суша и силните ветрови го забрзуваат ширењето на огнената стихија, поради што илјадници жители и туристи се евакуирани од загрозените подрачја.
Во Грција најкритично е на островот Крит, каде пожарите однесоа и човечки животи, а голем број населби беа евакуирани. Огнот беснее и на други острови, меѓу кои Парос, Лезбос и Сирос. Во Турција пожарите во Анталија и Мугла оштетија домови и принудија стотици жители да ги напуштат своите куќи.


