Хрватите го го укинуваат плаќањето на рампите: Се воведува нов систем на автопатите

0
22

Хрватска подготвува целосно нов начин на наплата на патарините, со кој ќе исчезнат наплатните куќички и долгите колони на рампите. Наместо досегашниот систем со земање билет на влез и плаќање на излез, возачите ќе мора однапред да го регистрираат своето возило во новиот електронски систем.Според новите правила, секое возило ќе мора да биде вклучено во системот пред да се приклучи на автопатот. За патничките автомобили ќе бидат достапни две опции – користење ETC-уред или автоматско препознавање на регистарските таблички.Доколку возачот се одлучи за системот со препознавање на табличките, ќе треба однапред да го регистрира возилото и да ја поврзе регистарската табличка со важечки начин на плаќање. Камерите поставени на порталите над автопатите автоматски ќе го препознаваат возилото, ќе ја евидентираат изминатата делница и ќе ја пресметаат патарината без потреба од запирање.За патничките автомобили и повеќето комбиња ќе може да се користат двата модели, додека за тешките товарни возила ETC-уредот ќе биде задолжителен. Новите правила ќе важат и за странските државјани и туристите кои ги користат хрватските автопати само повремено. За нив ќе биде овозможена едноставна регистрација на возилото преку интернет, мобилна апликација или на специјално определени продажни места.