Турција уапси градоначалничка, опозицијата обвинува за политички прогон

0
22

Турската полиција ја приведе градоначалничката на Ускудар, Синем Дедеташ, која раководи со една од најголемите општини во Истанбул, поради сомневања за измама и за поткуп, објави „Туркије“.Надлежните истражуваат наводи поврзани со Дедеташ и со пет други луѓе, меѓу кои и заменик-градоначалникот и раководители во општинската компанија „Кент А.С.“, поради сомневања за нерегуларности во постапките за издавање градежни дозволи. Обвинителството тврди дека „Кент А.С.“ склучила повеќе договори за консултантски услуги со градежни компании во вредност од околу 18 милиони евра. Дедеташ е градоначалничка на Ускудар од април 2024 година, откако победи на локалните избори како кандидатка на главната турска опозициска Републиканска народна партија.Таа стана првата жена градоначалник на овој округ. Опозицијата ги отфрла сите обвиненија од 2024 година наваму, оценувајќи ги истрагите како политички мотивирани.Од владата, пак, инсистираат дека судството е независно.