На утрешната седница, Советот на министри на БиХ треба да го разгледа барањето за доделување државјанство на Илија Перекопски, руски бизнисмен и еден од луѓето поврзани со основањето на Телеграм и социјалната мрежа VK, пишува Klix.ba.Перекопски е близок со Павел Дуров, основачот на Телеграм, кај кого студирал. Кlix наведува дека станува збор за претприемач кој бил вклучен во неколку бизниси поврзани со криптовалути и финансиско посредување, меѓу другото преку компанијата Blackmoon Financial Group.Според документот до кој Кlix имал пристап, барањето за државјанство е испратено од Стопанската комора на Република Српска. Во него се наведува дека Перекопски работи во компанијата EVA Genesis од Бања Лука како лингвист од јануари 2026 година.Привремен престој во БиХ му е одобрен на 13 март оваа година, а важи до 17 февруари следната година. Во барањето се наведува дека бара државјанство на БиХ бидејќи е во процес на преземање на сопственоста на компанијата EVA Genesis.


