Непознат сторител ја осквернавил статуата на Богородица на Подбрдо и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје, еден од најпознатите католички центри за поклонение во светот, а полицијата спроведува истрага на лице место и ги утврдува околностите на инцидентот.На местото Подбрдо, каде што шест визионери тврдат дека Богородица им се појавила од 1981 година, лицето и рацете на статуата на Богородица биле покриени со црна боја.
На пиедесталот бил испишан натпис „Ѓавол во здолниште“ и порака дека визионерите лажеле.Кратко потоа, надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ бил запален.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како лице пристигнува со резервоар за гориво, истура запалива течност врз надворешниот олтар, а потоа го запалува.
Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвската жупанија објави дека во 4:30 часот наутро го примило првиот извештај за оштетување на статуата на Богородица, а во 5 часот наутро е примена пријава за пожар на надворешниот дел од олтарот на црквата „Свети Јаков“.
Пожарот бил брзо изгаснат.


