Западнонилската треска повторно се шири низ Европа, а најблиску до нас е регистрирана во Грција, каде бројот на заразени достигна 21 лице.
Грчката национална организација за јавно здравје (ЕОДИ) соопшти дека 20 од заразените пациенти во земјата развиле тешки симптоми , меѓу кои енцефалитис, менингитис или парализа.Во изминатата недела биле регистрирани 14 нови случаи, а 13 пациенти се на болничко лекување. Досега нема пријавени смртни случаи.
Најмногу случаи се регистрирани во областа Атика, меѓу другото во Спата-Артемида, Маркопуло, Вари, Коропи, Лаврио, Неа Јонија, Атина и во Глифада.Поединечни случаи се пријавени и во Лариса и во Палама.


