Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија во недела

0
30

ФИФА го избра својот судија за финалето. Славко Винчиќ ќе стане првиот Словенец кој судел финале на Светско првенство и 23-ти судија во историјата. Одлуката за избор на судијата за финалето му ја соопшти на Винчиќ шефот на судиите на ФИФА, Италијанецот Пјерлуиџи Колина. Словенецот првично се расплака кога ја слушна веста.
„Кога бев назначен, прво бев шокиран, а потоа среќен. Се тресев. Судењето на финалето на Светското првенство е неверојатна чест“, рече Винчиќ во изјава за ФИФА.
„Тоа е сон за еден судија, многу сум горд на себе, на мојот тим. Горд сум што ја претставувам мојата земја, Словенија, на најголемиот спортски настан во светот“, додаде тој.На Винчиќ ќе му помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека Јорданецот Адам Махадмех е назначен за четврти судија.
Винчиќ е искусен судија кој судел на голем број големи натпревари во европскиот и меѓународниот фудбал.