Летот на компанијата Рајанер од Лондон за Тирана, кој требало да трае околу три часа, се претворил во речиси дванаесетчасовна драма одбележана со силно невреме, две принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и судири меѓу патниците и екипажот и интервенција на грчката полиција.
Летот RK8288 полетал од лондонскиот аеродром Станстед на 3 јуни за албанската престолнина, но лошото време го принудило пилотот да го промени планот на летање. Патниците некое време по полетувањето биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи во Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат кое за тоа време добиле малку информации за тоа што се случува. Екипажот потоа најавил продолжување на летот за Тирана, но само десет минути пред планираното слетување било објавено дека авионот повторно се пренасочува, овој пат за Солун во Грција, поради грмежи над Албанија, пишува The Sun.
– Тогаш сите ги изгубија нервите и почнаа нереди – изјави еден патник за британските медиуми.Група мажи се собра пред кокпитот и почна да го вика пилотот.– Тој е кукавица. Пилотот мора да излезе и да се соочи со нас како маж – викаа незадоволните патници.По слетувањето во Солун, 12 патници побарале да им се дозволи да излезат.
Според зборовите на патниците, на крајот билс повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат.
Проблемите продолжиле и по полетувањето. Еден патник, за кого сведоците изјавиле дека бил целосно пијан, ги игнорирал упатствата на екипажот и почнал да оди низ кабината. Стуардесата, според зборовите на очевидците, морала физички да го врати на неговото седиште.Дополнителната фрустрација ја засилил недостигот на храна и пијалаци. Патниците велат дека по неколку часа веќе не им било дозволено да купуваат освежување, па морале меѓусебно да ги делат грицките што ги јаделе.– Не ни дадоа ништо бесплатно, а некое време не можевме ниту да купиме храна или пијалак. Луѓето беа жедни и гладни. Бевме во авионот четири часа, можеби и подолго – рече еден патник.Екипажот подоцна повторно ја отворил продажбата на храна и пијалаци, но залихите брзо се потрошиле, па останале само неколку кесички чипс, велат патниците.Авионот конечно слетал во Тирана околу 5 часот наутро по локално време.
– Здраво, Албанија – рекол пилотот по слетувањето.


