Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD.Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила.„Од денес, ќе продолжам да работам во групата како менаџер задолжен за надворешните односи на компанијата и развојот на нови деловни области“, напиша Сијарто на Фејсбук.

