Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во соседна Грција, во која животот го загубија маж, жена и едно од нивните две деца што се наоѓале во возилото, пренесува грчкиот весник „Прототема“.Несреќата се случила кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало семејството, се судрил со цистерна.Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека било бебе, починале на самото место, додека таткото на повредите им подлегнал подоцна во болница на Халкидики. Единствено преживеано е другото малолетно дете, кое е хоспитализирано.


