Автобус се преврте во Турција — загина една патничка, 40 се повредени

0
11

Патнички автобус утрово излетал од патот и се превртел во турската провинција Кирикале, при што загинала една жена, а 40 други биле повредени, објави „Анадолија“.Автобусот, на компанијата „Суха Туризм“, патувал од Текирдаг кон Кајсери кога возачот изгубил контрола и автобусот се превртел во близина на Државната болница Каракечили, на патот Каман-Анкара.
По пријавата за несреќата, на местото биле испратени екипи на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, пожарникари, медицински екипи, жандармерија и полиција.
Во несреќата биле повредени вкупно 41 човек, меѓу кои и тројца луѓе со тешки повреди. Една од повредените патнички, Текмиле Атасој, била пренесена со брза помош во болница во градот, но починала и покрај укажаната медицинска помош.