СДСМ: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, инициравме Надзорна расправа. ВМРО ДПМНЕ: Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари го блокираат Изборниот законик

0
23

Законот за македонскиот јазик беше донесен пред повеќе од година и половина, а Владата нема преземено чекори за негова реална примена и клучните одредби остануваат само на хартија, обвинија денес од СДСМ. Од ВМРО ДПМНЕ пак изнесоа дека коалицијата на СДСМ и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР како и нивните барања.