Повеќе од 30 лекари од Кантоналната болница и од Домот на здравје во Ливно утрово поднеле откази поради ниските плати и лошите услови. Докторите се незадоволни од односот на Владата на Кантон 10 и надлежното министерство кон нивните барања за подобрување на материјалните права, Станува збор за 85 отсто од специјалистите во болницата и домот на здравје во Ливно, Лекарите се незадоволни од својот материјален статус, кој, како што велат, е меѓу најлошите во Федерацијата на БиХ.Зголемувањето на платите од три проценти, кое го понудила Владата, е оценето како неприфатливо.Покрај ниските плати, лекарите предупредуваат и на сериозен недостиг од кадар, поради што се принудени да работат двојно повеќе дежурства од законски пропишаниот максимум.


