Алармантната ситуација е наведена во неодамнешниот документ за младите од Одделот за население на Обединетите нации, во кој се наведува дека се очекува Албанија да изгуби речиси 43 отсто, од возрасната група од 15 до 24 години, од 2025 до 2050 година, објавија медиумите.Во 2000 година, Албанија имала над половина милион млади луѓе (544 илјади), додека по две и пол децении, оваа бројка изнесува само 195 илјади, ставајќи го под знак прашалник економскиот и социјален опстанок на земјата.Обединетите нации забележуваат дека од 225 земји во светот, Албанија е на трето место, по Кина и Украина по намалувањето на бројот на млади луѓе во следните три децении.


