Црна Гора во офанзива против корупцијата: Под лупа имотот на 122 полицајци

0
26

Црногорското Министерство за внатрешни работи започна широка акција за проверка на имотот и начинот на живот на полициските службеници. Од почетокот на 2025 до средината на 2026 година се отворени 50 предмети во кои се опфатени најмалку 122 полицајци и лица поврзани со нив.

Под истрага се луксузни станови, куќи, скапи автомобили и сомневања за несразмерен имот, злоупотреба на службена положба, примање поткуп и перење пари. Досега се поднесени две обвиненија, а во три случаи истрагите сè уште се во тек.